Циганска торта

Ви препорачуваме да ја пробате оваа торта која е феноменално сочна, а бара само малку труд и време. Го подготвивме овај лесен и вкусен рецепт само за вас.   

 

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 20 лажици шеќер
  • 20 лажици брашно
  • 20 лажици млеко
  • 20 лажици масло
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво
  • 0,5 l ладно млеко
  • 2 кесички шлаг пена
  • 250 ml ладно млеко
  • чоколаден прелив.

 

Приготвување:

 

  1. Најпрво се бијат јајцата со шеќерот се додека не се претворат во густа изедначена смеса.
  2. Потоа се додаваат брашното, млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво.
  3. Сето тоа убаво се бие со миксер и се става во четириаголна тава за печење. Се печи на температура од 180 200°С за време од околу 40 минути.
  4. Откако ќе се олади испечениот пандишпан се прелева со 0,5 l ладно млеко.
  5. Се остава да се впие, а во меѓувреме се бијат двете кесички шлаг заедно со 250 ml ладно млеко.
  6. На крај, одгоре се филува со шлагот, а потоа се додава чоколаден прелив и мрвици за декорација.

Уживајте во нејзината сочност!

 

image

 

Автор: М-р Снежана Андоновска

 

Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување