Посни колачи

 

Состојки:

  • 250 мл пиво
  • 250 мл масло
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици шеќер
  • 100 гр гриз
  • 600-700 гр брашно
  • 100 гр сецкани ореви за фил

Шербет

  • 700 мл вода
  • 800 гр шеќер
  • цеден сок од половина лимон
  • 150 гр млени ореви или кокос за посипување

 

Подготовка:

  1. Во длабок сад се ставаат маслото, пивото, гризот, брашното и прашокот за пециво. Состојките се мешаат се додека не се добие хомогено тесто.
  2. Од тестото се зема во рака, се притиска за да се добие форма на круг. Во средината се ставаат сецкани ореви, а потоа се обликуваат топчиња кои редат на подмачкан плех. Колачите се печат во загреана рерна на 220 степени, се додека не добијат убава златна боја. Откако ќе се испечат се оставаат на страна, за да се изладат.
  3. Во сад на оган го ставаме шеќерот, водата и сокот од лимонот. Повремено мешаме и оставаме шербетот да вари 5 минути. Шербетот го тргаме на страна, малку да се излади, а потоа со него ги попаруваме ладните колачи. 
  4. Колачињата по желба може да се украсат со кокос или мелени ореви.

 

 

 

 Автор: Даниела Џогова

Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување